Воен термин - категорија

салва повеќе

мн. салви
Вид збор: Именка, женски род
Почесен оган од пушки или топови, истрел.
Англиски: salvo Албански: breshëri
Примери:
Салвите на победата.

салут повеќе

мн. салути
Вид збор: Именка, машки род
Свечен војнички поздрав.
Англиски: salute

салутира повеќе

салутираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Поздрави, поздравува со салут.
Англиски: salute

салутирање повеќе

Вид збор: Именка, среден род
салутира
Англиски: salut

санитар повеќе

мн. санитари
Вид збор: Именка, машки род
Во војската - војник подготвен да дава прва помош.
Англиски: aidman Албански: sanitet

сачмарка повеќе

мн. сачмарки
Вид збор: Именка, женски род
Пушка што пука со сачми, обично двоцевка.
Англиски: shotgun
Примери:
Стара сачмарка.

секрет повеќе

мн. секрети
Вид збор: Именка, машки род
Тајно стражарско место.
Албански: vënd sekret
Примери:
секретот на успехот

сержант повеќе

мн. сержанти
Вид збор: Именка, машки род
Звање, чин, а исто така и лице од нижиот команден состав на армијата или милицијата во некои земји.
Англиски: sergeant

сила повеќе

мн. сили
Вид збор: Именка, женски род
(само мн.) војска
Англиски: force
Примери:
вооружените сили

скривница повеќе

мн. скривници
Вид збор: Именка, женски род
Место каде што може да се скрие од некого или од нешто; специјална просторија за криење при престрелки, напади од воздух и сл.
Англиски: shelter Албански: strehim, vendfshehje
Примери:
Ископаа скривница кај колибата во бавчата.

слободно повеќе

Вид збор: Прилог
Војничка команда.
Англиски: relax
Примери:
Војници, слободно!

служи повеќе

служат
Вид збор: Глагол, несвршен
Исполнува воена обврска.
Англиски: serve Албански: shërbej
Примери:
Служеше три години во морнарицата.

смотра повеќе

мн. смотри
Вид збор: Именка, женски род
официјално инспектирање
Англиски: inspection Албански: inspektoj
Примери:
Смотра на војската.

снајпер повеќе

мн. снајпери
Вид збор: Именка, машки род
Вид пушка со дурбин.
Англиски: sniper Албански: snajper
Примери:
Пукаше со својот снајпер.
Стрелец со такво оружје.
Англиски: sniper Албански: snajperist
Примери:
Беше познат како добар снајпер.

снајперист повеќе

Види и: снајпер (м.)
мн. снајперисти
Вид збор: Именка, машки род
Стрелец, кој стрела на голема далечина.
Англиски: sniper

снајперски повеќе

снајперска
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на снајпер.
Примери:
снајперски оган

солдат повеќе

Види и: солдатин (м.)
мн. солдати
Вид збор: Именка, машки род
војник
Англиски: soldier Германски: Soldat
Примери:
Го зедоа солдат.

солдатин повеќе

Види и: солдат (м.)
мн. солдати
Вид збор: Именка, машки род
солдат
Англиски: soldier

солдатлак повеќе

(едн.) солдатлакот
Вид збор: Именка, машки род
војничка служба
Англиски: military service

солзавец повеќе

мн. солзавци
Вид збор: Именка, машки род
Гас кој предизвикува солзи.
Англиски: tear gas
Примери:
Ги растераа демонстрантите со солзавец.

специјалец повеќе

мн. специјалци
Вид збор: Именка, машки род
Припадник на специјални полициски или воени сили.
Англиски: special forces
Примери:
Состојбата се електризира до точка на вриење и лесно може да излезе од контрола колку и да има специјалци и полиција.

стационира повеќе

(се) стационираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Смести, поставува на едно место, лоцира, распоредува.
Англиски: station
Примери:
Во близината на Кавадарци била стационирана српската Тимочка дивизија.

стоп повеќе

Вид збор: Извик
Извик како заповед, забрана со значење: стој, застани.
Англиски: stop

стража повеќе

мн. стражи
Вид збор: Именка, женски род
Поставивме стража пред зградата.
Англиски: guard
Примери:
(разг.) Под стража.

стражар повеќе

мн. стражари
Вид збор: Именка, машки род
Оној што чува стража.
Англиски: guard Албански: rojë
Примери:
Влеговме во кулата пред која немаше стражар.

стражари повеќе

стражарат
Вид збор: Глагол, несвршен
Врши стражарска служба.
Англиски: guard Албански: mbroj, ruaj

стражарница повеќе

мн. стражарници
Вид збор: Именка, женски род
Мала дрвена куќичка каде што се стражари.
Англиски: sentry
Примери:
Пред стражарницата на мостот стоеше војник.

стратег повеќе

мн. стратези
Вид збор: Именка, машки род
Војсководач, раководител на големи воени операции.
Англиски: strategist Албански: strateg
Примери:
Наполеон, Цезар и Александар Велики беа големи стратези.

стратегија повеќе

мн. стратегии
Вид збор: Именка, женски род
Воена вештина, наука за водење големи воени операции.
Англиски: strategy Албански: strategji

стратегиски повеќе

стратегискиот
Вид збор: Придавка
Кој има значење од гледна точка на општите цели на војната.
Англиски: strategic
Примери:
стратегиски резерви

стрела повеќе

стрелаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(несв.) Фрла, пушта стрели.
Англиски: shoot Албански: gjuan
Примери:
Стрелаат со лакови.

стрелба повеќе

мн. стрелби
Вид збор: Именка, женски род
Стрелање од огнено оружје.
Англиски: fire
Примери:
Брза стрелба.

стрелец повеќе

мн. стрелци
Вид збор: Именка, машки род
Војник извежбан во стрелање.
Англиски: private Албански: ushtar

стрелка повеќе

мн. стрелки
Вид збор: Именка, женски род
брза стрелба
Англиски: shooting Албански: gjuajtje, të shtënë
Примери:
Зачести топовската стрелка.

строев повеќе

строевиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на строј.
Примери:
строев чекор

сулица повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Вид копје.
Англиски: spear
а - б - в - г - д - ѓ - е - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш